предница ж.

предница (ж.)

Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така ќе ми се научиш да ми везиш првен ракав, после ќе ѝ скрои мајка предници, па бочници, па најпосле и бројови. И, ете ти нова кошула за Велигден!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Што е, сестрице, ѝ велам, што ме мериш така со очите? - Јон, вели, Уља, го прости господ Јона, вели и пушта солзи на предници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, дали паметиш, Велико, ми вели Стојна, дали думаш кога ги зашивавме предниците за да не ни се познаваат градите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може да ти е пришиена во ракавите, во предниците, вели Маса Ќулумоска, или да ти е притаена под шамијата, во косата и ти се пресмева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Осеќам како ми жубори низ предници, ми капе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плачат и ракоплескаат, си ги тресат солзите на предници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ја колат лубеницата, а ние си дуваме во предниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред гаражата СТОЈАДИН со смачкана лева предница и скршено предно стакло.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)