предимство ср.

предимство (ср.)

Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Чинго многу порано можел да дојде во контакт со прозата на Чехов одошто со Бабел та нема основа да ѝ се даде предимство на претпоставката дека и тој суптилен чувствен тек во неговата проза дошол од втора рака и не како директен навев.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Всушност, меѓу сите луѓе, како што знаеме, Исус им дава предимство, покрај децата, токму на божјаците, на нишчите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што се однесува пак до средните претпријатија, ЗТПОК воведе одредба според која при еднакви услови, предимство на откуп имаат вработените во претпријатието (чл. 58).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)