прдеж м.

прдеж (м.)

БОРИС: Се шуткам како прдеж во гаќи. Тоа ми останало.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: Чудно мамо нашиот прдеж ни е пријатен, а туѓиот ни смрди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оти јачменчок ти се фрла само ако намигаш и ако се смееш на коњски прдеж.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Додека не ја претворив во прасе не можеше да сфати дека не вреди колку ни еден мој прдеж.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
При сѐ што толку го проучувате човечкото тело, што ни еден посмртен прдеж не може да ве одмине незабележан, сепак има нешто што ви бега низ прсти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја веќе ја сипав третата чаша од Смрдевката и со благотелечи поглед ги посматрав одлучните потези на Парољуб Шврчковски како сѐ уште брца у грчките маслинки, а притоа осетив непријатен мирис на расолница за што бев сигурен дека беше прдежот од Далибор Чмаровски Чмаро, кој таа вечер за чудо не пушти ниту глас туку мудро го прелистуеше новиот билтен од Бронзената копачка на Санчо Панса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Весниците се полни со среќа, по тротоарите талка висока лесноумност, а издувните гасови ги покриваат авениите небаре автомобилите се движат на прдежи од грав.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)