празни (несв.)

Стојам со залепено чело врз влажното стакло на прозорецот и гледам во темниот двор: браќата ја празнат куќата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште час-два денот ќе прекрши и пазариштето се празни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има веќе цели дваесет минути само го полниш и го празниш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Фезлиев седи на тврдиот стол веднаш до вратата од претсобјето и го полни и го празни шаржерот на својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Благодари му на бога што не сум ве сетил кога сте ми ги празнеле шаржерите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жените и децата си заминаа, но мажите останаа да пејат, да се шегуваат и да ги празнат шишињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Фати зимата и настана одморот за „дивите“. Се собраа во Софија од сите краишта на Македонија секакви луѓе. Кафето „Македонија“ на улица „Марија Лујза“ не се празнеше ни дење ни ноќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто мора пепелникот да се празни на ѓубре кога може и вака. (Со раката го грабнува полниот пепелник. Го превртува врз масата.) Мора да се тера внатрешната слобода. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој беше на твои години, нѐ служеше со пијалак, ни ги празнеше пепелниците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И стомната кркори, се празни. Мораш некако да се гаснеш. И тураш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А крвта си линее, се празни човекот, се усукува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето започнале во паника да ги празнат улиците и да се сокриваат во куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Целиот фрлач во еден млаз се празни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ, му реков, сѐ што ќе најдеш, а тоа остана внатре да ги празни најдените тегли со слатко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги празнеа џебовите пред куциот човек. Очите им бабреа од тага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Седум, осум, војниците се вртат. Девет, десет... Ги фрламе бомбите, си ги празниме дланките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Го фатила грчката полиција во меѓународниот воз за Атина како со некоја банда ги прскаат патниците со спреј за заспивање, а потоа им ги празнат џебовите и куферите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најмногу ми е незгодно од стравот дека можеби сите оние што бдеат над мојата смртна постела виделе како се празнам. Боже! Каков срам!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе