правопропорционален прид.

правопропорционален (прид.)

У овој случај, големината на егото е правопропорционална со големината на троко.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
1 Ветувањата и реалниот исход Транзицијата кон пазарната економија и почетокот на неолибералниот проект во кој акумулацијата и максимизацијата на профитите беше правопропорционално поставена со девалвирањето на трудот значеше дека голем број на работнички права кои беа гарантирани и заштитени во претходниот социо-економски систем, ќе доживеат огромно потиснување, девалуирање и само номинално ќе фигурираат во законодавството.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)