поштенски прид.

поштенски (прид.)

Се обидуваше на разни начини, но безуспешно, да лансира Гробни-Љубовни Гнезда со Ковчези-За-Двајца, да го монополизира пазарот за презервати­ви при недостатокот на гума, да води една дописна јавна куќа со поштенски налози за ебачини, да издава пеницилин со патентиран таен состав.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, неговите корени ги наоѓаме во некои авангардни движења неколку десетлетија порано - во поштенските акции на дадаистите и футуристите, на пример, почнувајќи од втората деценија навака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Жеро Жерав ми рече: Не си поштенска марка со штембил да те поништат некакви костури од твоите соништа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За пораките што беше потребно повремено да се испратат, постоеја отпечатени поштенски картички со долг список од фрази и требаше само да се пречкртаат оние кои не беа применливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеш не сме ни до пола пат има уште одење до поштенскиот дом, па низ шума до детското одмаралиште, па низ парк-шума и дури потоа - голема угорница до врвот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
При првото следно излегување в град, влезе во една поштенска испостава каде што побара да види телефонски именик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го уништи мобилната телефонија исто како што парната локомотива ја уништи поштенската кочија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Разбери ме не можам повеќе да те создавам да те лекувам со поштенски марки нема повеќе да патуваш сакам да верувам молци ги јадат адресите во мене интимно се топат некои санти и паѓа горчлива сенката на времето кога се кастрат лозите и поривите а билјето развива бујно како грев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Еднаш и чичко Ташко се врати од Берлин (од некаков саем на книгата) со албум за поштенски марки кога јас бев филателист!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Перо се исправи во креветот и го виде пликот со поштенска марка на Франклин Рузвелт, претседателот на САД.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Зорле“ удирав по тапаните во подрумските простории на поштенската зграда.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој се дал на вежбање со тегови, додека доблерот за мерење притисок му е закачен како поштарско торбиче, прави склекови со „Космодиск“ на грбот и малиот дел закачен на ’рбетот кој изгледа шашаво, но е делотворен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му стануваше јасно дека тоа не беше вообичаена пасија за собирање книги или поштенски марки, дури и играње покер, туку се работеше за возвишена цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)