почесто прил.

почесто (прил.)

По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕОДОС: (За тоа вреле и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со подувнување или почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И оди почесто, особено да се напивуваш таму кафе за да ми е куќата отворена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А болницата сѐ почесто ме викаше и ме пушташе изморен и расеан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И се почесто седев в болница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овој непријатен глас почесто го напаѓаше Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сѐ почесто се завртуваа околу него темно-модри кругови и елипси, се множеа и се ширеа како бранови на темна вода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со клинец неговата треперлива рака ја ископа на ѕидот над одарот, каде што лежеше, реченицата што почесто му светнуваше во мозокот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотинии и трето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите знаеја што значи тоа, секогаш ја прифаќаа таа борба, помагаа со што можеа и сѐ почесто се случуваше да заминат нови групи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден нерез, за какви што тој само слушал во приказните; такви ни шумата не може да одгледа почесто од еден во стотина години, тежок сигурно над триста килограми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бојан почесто застануваше, свртувајќи ги очите кон долниот крај на Рамни Ливади од каде што требаше да се појави џипот. Но шумарот се забави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шишман на братучедот се надеваше. Се воздржа макар што рече, ама сѐ почесто и почесто погледнуваше кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Братучед му Трајан Блосоениот идеше почесто поднапиен и со пиштолот в рака вртеше околу куќата и бавчите и викаше: „Излези, Зенула, излези, мамето твое...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе