поучен прид.

поучен (прид.)

Сегашното востание е многу поучно, како за нас исто така и за Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што е поучен Маркс може да биде поучна и библијата со она дека сѐ е само суета.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислам дека ти е јасно колку интересно и поучно четиво би биле твоите показанија пред луѓето од Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Чекај ме! - рече Бојан, па поучен сега од искуството на Денко, почна да се катери по карпата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не ти е умот во неговите можеби поучни, корисни зборови, не оти го слушаш тој час, ти просто го гледаш како те краде, како лакомо сѐ следи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поучни издигнувања!... Секогаш научни!.. Тоа беше неговата апсолутна формула.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден извонредно поучен приказ на овој проблем неодамна изложи во Vijenac книжевниот теоретичар Зоран Кравар.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Шницлеровата поучна приказна. човекот живее од животот на микробиолошкиот вид кој го мачи и кој ќе го уништи: тие се туѓи едно на друго, но судбината им е иста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Паралелата меѓу две култури е поучна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А гласот навистина му беше поучен: - Секое минато поминува низ историјата, а историјата не смеат да ја прават чиновници, туку оние кои ја создавале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Фоте не му даде на Боге евентуална можност да се согласи, туку поучно го крена показалецот: - Пивото не се пие од две чаши. Ветрее.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го измислил и мастилото за пишување, го отпечатил прв и извештајот на Колумбо по враќањето од Новиот свет, а сепак, кутриот, пред десетина години умре во родниот град во најголема сиромаштија. Многу поучно, нели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
-Сега ме предизвика, да ти раскажам една поучна приказна: Едно дете побарало од мудрецот да му исполни желба: „Сакам да бидам најсилно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Главниот збор го држат во тие расправи Соколе и Боце; Соколе како поучен, а Боце по својата природна склоност да противречи, потсилена уште од улогата на домаќин.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прогледај, поучен си, да светиш, созреан си, посложен си од фосфорот кој знае да свети ладно, зошто не е вичен да свети со топлина како тебе, како што те учеа од мал.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Родовите стереотипи го излудуваа, особено кога беа камуфлирани во поучни детски приказни.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нивните книги имале религиозен и поучен карактер, биле пишувани со кирилско писмо и на македонски народен јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе