потсобере св.

потсобере (св.)

Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мртвиот си ги потсоберува рацете и еден дел од небото како пепел му налегнува на лицето, му заседнува на образите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само го потпушта и само го потсобира во скутот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И кога потсобра сили во гласот, додаде: „Остави ја сликата и пали ја колата”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зад неа завеа ветар, ги потсобра сламките, ги подигна и ги расфрли по селското сокаче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да знаеше да зборува саѓата, ќе знаевме и ние. – Тој потсобра раменици, од чудење скрши веѓа и, воздивнувајќи, рече: - Лошо, многу лошо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)