потсмева несв.

потсмева (несв.)

И Анѓеле ќе биде еден од тие многу што ќе спечалат! (Митре, Мара и Кате се потсмеваат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Што се потсмеваш како некој изел го волкот?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти ми се потсмеваш зашто жена ми таму избега со друг. Ми се смееш заради таа курва.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој му ги покажа од мракот своите сетерски уморни очи и воздивна: „Не ви се потсмевам, а адвентистот, таа потајна омраза свртена кон број 9, се замеша: „Не сфаќам зошто би ни се потсмевал овој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некои му се потсмеваа и од тоа навредливо се кинеше гласот на Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потсмевањето ги зафаќаше и другите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа бегање на волкот остави само едно лудечко потсмевање во неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој му се потсмеваше сега на оној поган голтар, кој имал преку своите коски да ја преметне само уште својата парталава кожа и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој го сожалуваше, некој му се потсмеваше. Така ти е тоа секогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дури и да се криви и да прави со обете раце продолжен нос потсмевајќи му се на мојот цртеж.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Златко мислеше дека човекот му се потсмева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како да го гледа во очи и на нејзе својствен начин му се потсмева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И оваа сегашнава што блудничи со младиот роб, потсмевајќи му се на одртавеникот што немоќта си ја покрива со тајни дипломатски мисли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе