потропа св.

потропа (св.)

Слушаше. Она сега повторно потропа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој тивко потропа на вратата. Помисли: Некој... Сега беше исправен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш потропувањето се повтори. Беше исто како да тропа човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој потропа на вратата. Јас помислив дека е татко ми и истрчав да го пресретнам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе потропа така, па ќе ми се подизбистри во главата. Ама тоа трае кратко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И како што си седеле така, некаде околу полноќ било, нешто или некој потропал на капаците на пенџерињата од кај сокакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оркестарот свири, а јас си поттропнувам со прстите, удирам на столот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Елефтерија дотропа до него, го фати през половина од задната страна, се стегна во него, се исправи со раменото под неговата мишка и рече без сериозно да го мисли тоа: „Забележуваш ли колку сум повисока?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)