потпоручник м.

потпоручник (м.)

Колку народ погина тогаш, не се добројува. Ранети - башка. Полковници, капетани, поручници, потпоручници, наредници, поднаредници, каплари, војници, што да ти кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури во пролетта во 1942-та дојдоа, од Прилеп, со џип, потпоручникот Куцаров и двајца германски офицери; го собраа Крсте Јанчески од дома, го качија во џипот и го одвезоа на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На влезот од кафулето неколку потпоручници на гардата, дваесетгодишни деца станаа и им салутираа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар еднаш се чукна во девојка облечена во зелен свилен фустан која немаше повеќе од дваесет години и весело играше со еден гардиски потпоручник, веројатно нејзин врсник За малку ќе го собереше еден гардиски капетан кој со својата дебелка госпоѓа смешно се трудеше да постигне елеганција во движење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)