поточен прид.

поточен (прид.)

Точно и навреме ги вршел сите молитви и свегатени обреди, но затоа уште поточен бил во работата околу лозјата, бавчите, маслинките, смоковите градини итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу нешта кај нас ќе се најдат: мртви звуци на душата гајди: ткаенини од поточна пена: рог на жабок; кликање на мрена...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- „Носи си ги тие гомненици“ - рече. - Поточно: „Чувај си ги тие интелектуални гомненици за дома“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив дека сакаше да ми рече или поточно да ми појасни оти и таквите дребулии, какви што се пијавиците кои којзнае зошто решиле да не виреат во вакви води, како планинската, придонеле луѓето наеднаш да се почувствуваат среќни и да се однесуваат неконтролирано и палаво, како децата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дури по многуте нејзини лелекања што ги избегнував тргајќи ја слушалката од увото, разговорот фати нормален тек, поточно Роза спомна дека денес би можела истовремено да плаче и да се смее бидејќи во овој момент ѝ се причинувало оти животот ѝ се движел на патерици!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Поточно, ќе разгледаме низа културни творби и активности што, се чини, имаат важна улога во учењето како да се биде геј: холивудските филмови, оперите, бродвејските мјузикли и други класични и популарни музички дела, како и кампот, обожавањето диви, дрегот, културата на мускулестост, стилот, модата и внатрешното уредување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)