поткупен прид.

поткупен (прид.)

Марија се колебаше. Почувствува дека е поткупена од таа детска насмевка во неговите очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со помош на овој овде генерал без војска, а со една глупава сестра каква што сум јас, го направивме тој Бане секретар на едно претпријатие, со поткупена диплома и нарачана препорака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)