потклекне св.

потклекне (св.)

Онаков долгач, тој кога одеше потклекнуваше и се веднеше на левата нога.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Те довлечкаа овде за да му потклекнеш на малиот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И за сето време, додека ја посегнуваше својата рака, сега веќе потклекнат, за сето време, додека ја приближуваше својата дланка до онаа кревко, подисплашено срнче притерано до ѕидот, мислеше само на тоа колку му е близок ножот, мачејќи се постојано да го има ножот во својот дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот се разгорува, кладата веќе потклекнува. Ѝ крцкаат, ѝ клецаат колената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе мјаукне мачка, а мене ќе ми потклекнат колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нозете ни потклекнуваат, ни се тресат колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнаа да ми потклекнуваат нозете, да ме фаќа треска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А собата наша и натаму им потклекнуваше на маглата, дождот, ’ркотницата...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Едната буква од вертикалниот ред беше падната, а долната штангла, напречната, искривена и целиот круг малку поднаведнат на едната страна, како да потклекнал под тежок напор од другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немавте доверба. Бевте во право. Ќе потклекнев.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тие се посебно засилени откако останавме единствена земја која го брани чистиот комунизам и не потклекна на советскиот ревизионизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Владе Кумбар, армоникашот, мал сатир, потклекнат, се накривуваше според ритмот на мелодијата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Почна да потклекнува и дури да паѓа на колено. Се срамеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Под тој нов, силовит притисок, впрочем како и другите европски земји, конечно потклекна и капитулира и Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Низ историјата, тие не потклекнаа пред ниедно ропство, не паѓаа во депресија, а згора на тоа умееја да ги сочуваат македонските традиции, обичаи, верни беа на македонската носија, при тоа цело време го говореа македонскиот јазик!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стана, полека се доближи до јастребот, почна да го гали по пердувестото тело за да го скроти, а тој природно потклекна пред нежноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одлучи цврсто кон што се пробиваш Напати потклекнуваш и на најмали провокации И ако во вистинско време не лобираш
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Раката потклекна, и сфатив дека не можам да убијам ни од сочувство, а камоли од омраза!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе