постанок м.

постанок (м.)

Загориче како од бога да било создадено уште во првиот ден на постанокот на светов, и од него, од бога, чувано и исчувано низ вековите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оваа банкнота припаѓа, без сомнение, на најсилната Империја од постанокот на светот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)