постане св.
потстане св.

постане (св.)

По патот постанаа три-четири стари доодени коњи и мораа да ги сменуваат по аништата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веќе подбосивме, што се вели, постанавме од одење. 64.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, универзалната Божица, природата, постанува машина. Човекот ќе предизвика лудории.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никола Ковач, писател, универзитетски професор Fiction du totalitarisme, Paris, 2002 Козите постануваат симбол на руралната слобода која беше одземена од Урал до Јадранското Море по напуштањето на НЕП во СССР до воспоставувањето на колхозите на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се палеше да слуша рокенрол, дедо му му кажал дека од тоа може да постане педер. А сега е ди-џеј.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рано е да постане, има уште толку начини за разрешување на оваа позиција, а нешто му шепина дека меѓу тие многубројни начини се крие само еден што води до победата, и тој може, и тој мора да го најде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Моето постоење, конкретумот на моето битие без тебе, без нас, без она што можеме да постанеме заедно, без нашата љубов, без нашиот копнеж и жед за животот би било сурово, измачувачко, ништовно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто тие кои беа заборавени постанаа вечност, а тие кои очајно ја посакуваа вечноста беа засекогаш избришани од срцето на универзумот...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)