поруга ж.
поруга св.

поруга (ж.)

При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Во неговата насмевка повторно поигруваа измешани поругата и љубопитството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И јас имав син. Замина една зимска вечер и веќе не се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Чекајте! Да не се правиме за срам и поруга!“ свика тој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)