поплави св.
поплава ж.

поплави (св.)

Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Вревата расте бучавата поплавува и чадот насекаде клокоти како голем комињарник.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Морам да прекинам. Поплавува...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На овие зборови, да ме прашаш зошто - не знам, кога рече поплавувам од бес, ја земам гитарата, па мавам, мавам! Ураган! Какво недоразбирање!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со време се менуваше ликот на далјанот. Реката запрена среде, при силни води ги поплавувала блиските полиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк пратен од темната рака на времето и издлаби во тебе длабнатинка црна полна со црвена вода што те поплави А ти не го чу не го чу и како да го чуеш во тоа итање и во таа радост што само иловицата на стиховите ја познава Не го чу не го чу не го чу и никој не те виде
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И наеднаш голема бучава. Отиде во воздух мостот на Пероо и многу луѓе останаа во водите што почнаа да го поплавуваат полето...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Виде, не виде Кога еднаш сврте грб, не виде... дали сушата ги спржи цветовите на розите и дали само трнот остана, дали водата се излеа и ги поплави сите спржени рози, а дека трнот остана, дали дуваше ветер кога со грб беше завртен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)