понизност ж.

понизност (ж.)

Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти: – Што прават моите самовили?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беше молитва на верност и понизност кон силниот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Шо е тоа лаф не слушање, бег! — со најголема понизност одговори Трајко и зачека што ќе рече понатаму бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговата покорност, неговата понизност, пожртвуваност и дисциплина набргу го исфрлија на површина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој миг, во мигот на завојување на Потковицата од страна на Турците, тоа го спаси Имотот од уништување: богатството, уредноста, пресметаната понизност на двајцата мажи што го пречекаа садриазамот, а потоа и онаа, понижувачка но среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти си тука затоа што потфрли во понизноста, во самодисциплината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговата ароганција е неизлечива, ароганција која сака да се претстави како понизност дотаму што да личи на онаа Христова саможртва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму пишува дека човекот во песната за целото време се однесува како да е во состојба на искрена понизност, понизност како животен став, но патувајќи низ животот, тој сфаќа дека неговите намери се всушност плитки, безплодни и самозалажувачки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно и во него има чувство дека е казнет заради нешто од самиот Господ оти такво чувство имаше и во Доне, само што Доне тоа чувство го немаше претворено во гнев, туку во понизност пред предодреденоста што не може со ништо да се промени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беа се кренале со полна чеза подароци што ќе ги разделат на присутните, од ќајата на Ајдинци - оној вид понизност што го отсликуваше наученото добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Порано беше понизен како човек што од мал е научен на гордост и понизноста ја сфаќа само како добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еднаш, церибашата Осман-ага дојде во одајата на ќајата по некоја своја приватна работа, но тоа што ибн Бајко не се свитка и веднаш не излезе да ги остави сами, не заличе на дрскост, туку на понизност што бара да е на услуга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нив никој не ги учел, освен нивните предци, на добрите работи, сами ги насетуваа: чувството на понизност, чувството на благодарност, способноста за простување, преку тоа ослободување на енергијата меѓу нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стојан Христов ја раскажува својата лична приказна со едноставност и интима, со понизност и со висока моќ на памтење, со исклучителна особеност и трогателност, нешта кои што на оваа книга ѝ даваат посебно значење и ѝ обезбедуваат високо место во современата автобиографија.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа се вудвоса во половината, со онаа безочна понизност што ја има само кај бедниот и кралски отпадок, а со жолтото здолниште како да ја смете земјата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Настојувале да му дадат израз на тоа страдање и да го изложат пред поширокиот свет на општеството, без да очекуваат тој свет да им ги оддаде скрбната понизност и формалното признание на загубата што вистинските италијански вдовици ги бараат и ги добиваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)