поминок м.

поминок (м.)

И по ... дваесет години пак заедно - риеја и бараа поминок под ова далечно, непознато бездушно небо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Работа. Таа треба со нокти да се држи. Без неа нема живот, нема поминок за мајсторите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чудеа и ги жалеа отроците: зарем тие, такви, слабодушни суштества, дошле да си го вадат поминокот работејќи на полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)