полумрачен прид.

полумрачен (прид.)

На наслутениот тажен и полумрачен перон локомотивата умре со продорен крик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се вратив на полумрачната соба и уште пред да се фрлам на сламарникот над кој гредите на таванот со закана се протегаа, влезе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во полумрачната соба, сега осветлена само од кружното тркало на ламбата, внимателно ја пипаше, милиметар по милиметар, знаејќи дека никогаш веќе не ќе му се даде да го прави тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)