полукруг м.

полукруг (м.)

Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа полека стана, се исправи, направи полукруг и, како да сонува, ги рашири рацете. Лебед, вистински лебед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку е голем! Меот му е - на... Покажува, со рака прави полукруг од грлото преку стомакот циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стражарот ќе стигне до работ на зградата, потоа ќе направи полукруг околу себе, потоа неговиот грб ќе почне да се оддалечува во спротивната страна. И токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во полукруг пред поканетите наредени се девојки со долги бели копринети облеки облечени на голо, боси, со косите распуштени, со рацете раширени и сите во цутот на првата младост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зрак бледа светлина се откраднува од синиот свод, ја погалува по срамежливо откриеното колено, додека ногата ѝ го испушта однапред научениот полукруг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Насмевнат, авторот ѝ се тргна од патот, а таа направи полукруг околу него како да му стави на знаење дека го избегнува и замина по улицата надолу.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги наредив бомбоните во полукруг, од ѕидот откај што излегуваа кон балконот, и на балконот, до самата ограда, ги ставив најголемите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На враќање Стариот писател направи речиси полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој беше убав на лице. Чело високо, издадено, сето лице правилно исечено, и само една танка линија во полукруг десно од устата ја нарушуваше правилноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да го поминат мостот, да се префрлат на другата страна од езерото, да ја фатат планината, да се скријат во грмушките, во честарот... а авионите долетуваа од кај планината Бела Вода, правеа полукруг и во низок лет пукаа, фрлаа бомби, гранати, оган над рамницата, чад, викотници, лелекања...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мермерните скали водеа до главната врата, на врвот се виткаше во симпатичен полукруг.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)