полжав м.
полжавски прид.

полжав (м.)

И како ќе може да ја поднесе крвта на полжавчето и како ќе ги остави очињата негови на мртва, премрзната трева, достоинствениот црн гавран да го огледува едновековниот клун во двете стаклени зеници?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие пијани ноќи тоа навредуваше; тогаш излегов од себе како полжав и бев исто толку непријатен од самосожалување и од замрачена свест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пак се наведна. Стана камен а сѐ околу него беше камен. И каменот и полжавот и тревата. Сѐ. И земјата и небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледајќи ја како умира, Полжавот рече: - Кутрата риба!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Доброутро, спанко! - слушна Полжавот потсмешлив, познат глас.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Наскоро полжавчето доби своја нова куќичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После ги напаѓаме меѓите. Бараме полжави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Месојадните растенија намамуваа и црви и глисти и полжавчиња и жабчиња и гуштерици...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човек, во делничните денови, уште од раното може да види орачи во полето, деца кои напасуваат јагниња во никајците и овчари кои по ридиштата напасуваат стада, а во неделите и женската челад која по ендеците и меѓите собира полжави и коприви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А напролет, здравје, со полжави посно варени в грне ќе си го продолжи животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сум го видел, во гравот секогаш става полжави од конзерви и некакви апови, а згора, ако сакате да знаете, веќе мисли да се преженува.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
6. Ме собрал студот во ќелијата, ме залепил ко полжав, ко плуканица на ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе