полезен прид.

полезен (прид.)

Најпосле најдолните, најочаените органи на српската пропаганда, родум Македонци, пак се полезни за Македонија: од нив се образува класа од недоволни од српската пропаганда за коишто нема пат кон Бугарите; тие ќе ја зголемат класата од националните сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А таквото многугодишно упорно работење е пополезно, помачно и поморално од револуционерното. Тоа е поразумно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Господ еден ќе знае колку лудите доаѓале до сината боја, но познато беше дека им дејствувала како многу полезен лек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајка ми го благословуваше социјализмот што отвори невидени можности за да ги упати своите чеда кон полезни училишта, а татко ми трагаше загрижено по неговите граници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми и Чанга собираа докази и за вредноста, за полезноста на козите во историјата и во сегашноста, особено во сегашноста, свесни за големиот заговор што се подготвуваше против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако теоријата дала многу математички средства кои се полезни за изучување на сложеноста таа, сепак, не ја зафаќа широката област на динамиката што може да се види кај сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога себичноста на едниот влегува во натпревар со себичноста на другиот, ти не можеш да очекуваш ништо полезно и убаво за сите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ајде влегувај, девојката чека, стори еднаш нешто полезно и во моја корист“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во занесот да го создадете најубавото Не заборававте на полезноста О стари мајстори Го вградивте во мостот и кременот (Огнениот череп на Кралот од каменото доба).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еднаш кажуваш дека е опасна, а еднаш полезна! Како да го сфатам ова? – се побуни Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Наеднаш, посакуваш некој да те бара, да ти дрдори за неподносливи работи кои делуваат полезно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не очекувам дека сите што ќе ја прочитаат книгава ќе ги убедам во полезноста на мојот предмет, но се надевам дека барем јасно ќе ја покажам вистинитоста на интелектуалните влогови во моето испитување на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)