поет (м.)

Бодни, о поет, твојата муза да летне над раширен свет да пее со горчлива солза за гладни под ропски гнет.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
После ослободувањето, во новостворените услови на нашата Народна револуција, тој се пројавува како детски поет.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ги измамува луѓето...и само со поетите има допир силен ко најприсно сливање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И сигурно - и во овој град јас ќе бидам најнежен поета. Но попусто - сонот си е сон, а животот други далги влече.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сал нив им ги отвора широко зениците топли од сонувања за дни недонесени, меѓу сите предели ги брише границите... Затоа поетите гледаат занесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Таквите ноќи се разбирливи и привлечни за вљубените и за изнасилените поети. И за астрономите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пците, улични, поети гласно се возхитуваа од ѕвездите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не постои разлика и во гледањето на Хлебников, кој застапувајќи се за еден позначаен неологистички говор, всушност се противставува на скаменувањето и успаноста на нормалниот говор, што зависи од креативната моќ на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сликата во поезијата Според Мандељштам некои поети имаат звучно доживување на светот, некои ликовно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако сме ние сликари- скитници, овој што иде кон нас - тоа е наш реквизит - тоа е поет- скитник, - објаснуваше Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За најстар надгробен споменик се смета тој на еврејскиот поет Авигдора Каро, кој датира од 25 април 1493 година...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жак е поет по порачка. Пишува сонети, на самото место, на вљубени и на млади брачни двојки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сонцето и на поетот му треба во сончева песна да го стави и убавината на светот да ја слави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Второ: сакам да истакнам дека во песните на поетот Антиќ е даден одговор на многу нејасни прашања што децата си ги поставуваат кога ќе почувствуваат дека се менуваат, дека нешто врие во нив, дека нешто ново, непознато, таинствено се случува со нив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Поети, артисти, оперски пејачи, балети, свирачи, кросисти, таленти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поети, трактористи, мотористи, оперски пејачи, балерини, свирачи, хористи, артисти, река, туку си тече.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК