подучи св.

подучи (св.)

Па знае и добро да псала. Го подучил и поп да го прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа арно си прави лели и стига рака, токо ние, еве, ни машките не можеме да си и подучиме, ќе ни останат слепи при две очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакам јас ќаа да бидам, та да се подучам како се пасат брави — му одговори Мирче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
При секој празник, попот ги подучуваше луѓето, им велеше да си прават сите црковни редови, да не ги закопуваат луѓето како ајвани, туку задушниците редовно да им ги носат како што го рекол тоа господ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас морам да бидам тука. Јас сум ѝ золва и свекрва. На сѐ ја подучувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто го подучува да не се инаети, да не тупа со нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На дедо ми Костадиноски му бев љубимец и тој во сѐ ме подучуваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нѐ подучуваа искусни бригадири, контролори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што кажа, „Односот меѓу подучувањето и учењето мора постојано да биде отворен и подложен на обратност“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А второ, да знаеш, за секој разговор се плаќа и тоа според импулси“, ја подучи Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тие имаа своја метода за подучување. Всушност се забавува со него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Верувам дека забележувате: кодошот ве подучува како да се однесувате кон кодошите за да можете да ѝ користите на својата несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали она кога ме исмејуваше оти сум трчал како патор пред да заплива по водата во ѓолот, или поради оној настан од подоцна, кога нѐ качи во разурнатата Кула, нас неколкумината пријатели, за да нѐ подучувал божем кои се вистинските знаци на замомчувањето и за да ни објаснел кога и како се случувало тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе