подрани св.

подрани (св.)

Ќе подраниме во лозјата да видиме дали цути виновата лоза, дали заврзува грозјето...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И на службеното лице му се обрати на сличен начин како и на вратарот,(случајно да не подранил?) но сепак, успеа да додаде и нешто како: времето е умот на животот а ние, за несреќа, често заскитуваме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Да не подранив малку?“, го слушна својот глас, и самиот изненаден од сервилноста со која му се обрати и тоа на вратарот кој наеднаш се најде пред него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Дали сте подраниле? Јас не сум по тие прашања", објасни вратарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)