поднесе св.

поднесе (св.)

Крчо сѐ можеше да поднесе, сѐ, само овие опомени никако не сакаше да му се меткаат во умот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, „метаксас“ коњаче кое поднесува и лимунче во себе и наоко изгледа наивно чајче.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И како ќе може да ја поднесе крвта на полжавчето и како ќе ги остави очињата негови на мртва, премрзната трева, достоинствениот црн гавран да го огледува едновековниот клун во двете стаклени зеници?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Видов како ѝ го поднесоа и мојот букет од бели рози.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И еве си ја поднесувам, ви се молам, да ми ја примите оставката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо не може да го поднесува ова тмурно лице. Му оди на нерви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уф, тој Патрокле! Повеќе не би можел да го поднесува неговото бескрајно плеткање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Такви луѓе среќавал и во другите затвори. И секогаш тие се едни исти: одмаздољубиви. Глигор не ги поднесуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно време, кога тој се потокмил да ги стори и двата последни чекора, мечката со сета преостаната сила и поднесувајќи ја сета болка на запците во својата коска, се свртела на другата страна , така што притоа коската скоро причкртала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше глуво сѐ наоколу, просто не можеше да се поднесува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Болничарката Стевка дотрча со болничка торба, му поднесе под носот шише со амонијак.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не можам да го поднесам ова!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
17. ЛУТО ЈАДИ, А ЗБОРУВАЈ БЛАГО - за единство на противречјата поднеси и жртва, но на таа животна теорија, иако не ни е драго, практиката, нејзината мајка, одамна ѝ била мртва...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога веќе не можеше да издржи, кога не можеше веќе да го поднесе, го напушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК