поднапиен прид.
поднапие св.

поднапиен (прид.)

Братучед му Трајан Блосоениот идеше почесто поднапиен и со пиштолот в рака вртеше околу куќата и бавчите и викаше: „Излези, Зенула, излези, мамето твое...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му реков дека луѓето од дружината веруваат оти тој ја запалил сламата на која спиел поднапиениот Круме Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А откако го остави на масата тасот со леблебија и бадеми, шепотејќи се потруди да објасни: - Самоников денес е љубоморен, завислив и малку поднапиен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)