подземе св.
подземен прид.

подземе (св.)

Во истото време подзедоа жените болно тажења, в припев редејќи, а однадвор им пригласуваше, липаше волно народот збиен, плачејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Србин го подзема: - Ти значи, тргна за туѓина. - За Франција, да, - вели Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На неколку пати се обидоа да го подземат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некој танок, некој плиток сон беше ме подзел. Колку за да го сонам Јона, човекот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето викаат, офкаат, се подземаат гласовите, лелеците. Се слушаме, сѐ е до нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Здравко малку подголтнува, ама тешко, одвај ја подзема водата. Ко опчаница да голта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа, двајцата влезени во гробот над главата на стрика Анѓела ставаат барде со вода, на градите поскура завиткана во крпа и земјена ваганка со овоштија, па прикрепувајќи се еден со друг и подземани за рака од другите мажи излегуваат од гробот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој рече, а другите го подзедоа и го раширија реченото дека парите не ѝ се сониле на стрина Николица туку на Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Јосиф ја изодува пругорнината повеќе од половина, си помислува да слезе и да го подземе и станува, но веднаш потоа, зашто знае дека Јосиф не е дете па тој да може на раце да го пренесе ваму, се премислува и останува да стои најгоре на Зедница на зарамнетото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега од никаде никој нема да ме фати, да ме подземе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само стои и само гледа. Каменот му ја подзема мислата, му шепти, и квечерина, кога се обиде тој да си ја поткрене раката и да му одмавне на каменот забележа дека веќе неповратно отпатувал: се скаменил.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ме подзема и мене ветерот и одам по нив, небаре гости се испраќаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзиното плачење го подземаат уште неколку извеани жени, а ние само се довикуваме и ги с'скаме: Дојди, натепај ме, вели една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пандил ја подзема и ја истура. Кај мене се враќа надежта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едо сепак го пушта диференцијалот на земја оставајќи ѝ ја сета тежина на Германија и тамам сака да пречекори да го подземе куферчето од раката на човекот во костум, увидува дека не може ни да мрдне од место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако се случеше во сонот да се одвои од неа, ќе срипаше како попарен, исплашен да не се претвори во пердув, ветерот да не го подземе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе