подзамиже св.

подзамиже (св.)

Пенчо подмижувајќи гледаше пред себе и газеше со полни стапалки. Како параден војник.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И се смее, заоѓа од смеење, ги подзамижува очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цели бозје креваа биковите на рогови. И потоа се затрчуваа и се удираа со челата, како да кршат камења. Насобраните луѓе само подзинуваа со устите, подзамижуваа со очите. 41
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И мора да направиш пакост. Пепелницата удира, Фирсов ги подзамижува очите, го менува лицето. Ги викна стражарите, и тие ме истераа в ходник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба ми секогаш вака подмижува со левото око.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Подзамижи и погледни подобро: не седум, туку 77 џуџиња, кое од кое помало.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што доаѓаше на следниот ред така подзамижуваше фокусирајќи ги зениците во сѐ поголема заинтересираност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подзамижал, во себе се скрил, се засолнил, се замислил, го собрал своето знаење во зрно, во јадро, кадро да експлодира со невидена енергија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Подзамижувам за да можам да му се приближам на гласот на Борко кој се обидува да ми дорасветли некои посебни детали од неговите љубовни доживувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)