подготвителен прид.

подготвителен (прид.)

Во оваа програма ќе бидат вклучени разни изворни матери­јали, подготвителни цртежи, меморабилии, и други материјали што го одредуваат делото во фор­мален и културен контекст.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знаев ни јас, дури ни кога се запишував во подготвителниот клас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во поканата за подготвителното рочиште на странките ќе им се наложи на рочиштето да ги донесат сите исправи што им служат како доказ, како и сите предмети што треба да се разгледаат во судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислам дека најубавите години од младоста ми беа подготвителна фаза за ваквиот чин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Камилски, откако реферира за зборовите за кои беше задолжен од областа на духовниот живот, верата, потоа за именките, заменките, придавките, прилозите, сврзниците и извиците, коментирајќи ги најкарактеристичните за да бидат внесени во конечната листа, неочекувано за Татко, се задржа најмногу, како што си вети во подготвителната фаза, на турцизмот филан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)