подгори св.

подгори (св.)

Мојата улица е мала и безимена, со обични радости и обични грижи, и да нема зеници од сонцето подгорени не ќе може ништо со светот да ја зближи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ти ја усвитува главата. Мислиш и шамијата ти ја подгорува. Ти ја присмадува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Буките крцкаат, им пука кората, им подгоруваат лисјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сигурно ова е од огнот, вели Уља, сигурно огнот ѝ ја подгоре косата во коренот. Сега нема како да се држи, на што да се држи, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лицето ѝ е без веѓи, без трепки, косата ѝ е подгорена и сроната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси, еднакви делови од песок и подгорена трева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги подгорувам прстите, ги полнам пепелниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веројатно добро ја подгореле. Мали немирковци, а? Но лути како пиперчиња!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И токму сака да се провери ако ништо друго дали барем е тука благата жена која сигурно знае веќе колку пати поминувале од тука, кога ќе ја стресе еден пријатен, мил глас Ќерко мори златна со денови сноваш по уличкава, нема неделен ден а ти да не поминеш, што мака ти тежи, каква болка ти се свила во срцето та што ти го подгорела тоа убаво лице?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Летото некако полека изминуваше, во стопанството сите поврвнини со житарици одамна беа голи, суви и жедни, доматите сѐ помалку и помалку имаа црвени топки, листот на пиперките подгоруваше, денот иако намален, пламенот на сонцето сѐ посилно гореше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кусите пантолонки, испарани на неколку места одзади од напонот на снагата што растеше, ги крепеа две прерамки врз голиот и подгорен грб од сонцето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не како крал, туку како ангел кој ќе ја понесе во царството на сласта во бескрајот, на кого ја посвети подгорената песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)