погром м.

погром (м.)

Продолжуваше „ловот на вештерки”, се редеа монтираните процеси, се вршеа брутални кражби во името на „класната борба”, не престануваа верските и идеолошките погроми, течеше злата крв на делбите, тивките и гласните ликвидации.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие се жртви на индустрискиот развој, на кисели дождови и непланско сечење. Во Западна и Централна Европа - вистински погром.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не знам кој ни ги спремаше овие приредби и со каква цел, и каде нѐ туркаше нашиот погром, но тоа беше грдо искуство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жртви на овие “мали“ погроми во Солун биле егзархистите. Најмногу настрадале Вардарското и Куфалското маало.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во палатата во персискиот град Суза, Хаман, министерот на дворот сака да организира погром над Евреите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Минатото е ниска од за’рѓани алки потресни собитија единствени по своите димензии, па и тежест како на пример – масовни ослепувања оргии во знак на освета погроми, пожари, помори земјотреси, ерупции покрстувања, исламизација елинизација царство на конверзиите на озаконети незаконитости родоскверности, чедоморства завери и трагикомични сценарија, сѐ на сѐ ОВДЕ историјата е горопадна гротеска …
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Животот е пресметување со суровости или предавство и грд погром на речта Одамна не стрелаат во срцето Стрелаат во мечтата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со лажни документи била и во Родникрај, лично да се увери колку е вистинита приказната за погромот на нивното село.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ви зборувам за Крим. За нашиот погром.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот маневар со кој тој успеа да го одбегне директниот судир со владината војска, го спаси партизанското движење од целосен погром.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)