погодок м.

погодок (м.)

Кротко ја зеде не тргајќи го погледот од братучедите, како змија пред погодок.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неколку дена подоцна директниот погодок на топовското ѓуле го распрсна по тврдата, заледена почва.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури и Љупчо е возбуден, кога постигнува погодок. Крева раце, восхитено се смее...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се растрчаа низ теренот и секоја убава комбинација заврши со фрлање во кош и најчесто со погодок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Третина од сите работи што сум ги рекол или направил веројатно се банални клишеи, третина е тешко срање а третина се полни погодоци. Тоа е добар просек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако играте бејзбол, секој трет погодок ќе ви донесе хоум-ран.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нина се втурна и ја бакна: „Супер, Теми! Полн погодок! СУПЕР!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Погодокот беше таков што не ветуваше никаква надеж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А такви офкања многупати имам слушнато од погодоците на моите камења и на мојот остен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)