повте св.
повтеж м.

повте (св.)

Причинуење Кој ли повте да ми дојде, кој ми зеде сладок сон, кој ми таму очи лаже, кој се метка по тој мрак?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
А кај уста ти се отвора, кога за ништо не ти повтува душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се гледа дека не му носи, не му повти душата. Се натура на предниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но едно од нив, внучето на Мусли бег, синот на Арслан бег, на оној едноокиот, веројатно потпирајќи се на осиленоста на татка си, не само што не пофте да бега туку грабна камен и му го зафучи покрај глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Врсници се со Јосифа, заедно пораснаа и оттогаш до вечерва се со Јосифа, заедно пораснаа и оттогаш до вечерва ниту имаше повтено да му намниса за некаква работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веројатно бев збунет. Она што ќе повтев да го речам ми се чинеше плитко и нејасно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ќе го гледа школото во кое ги поминал првите одделенија, а пред кое сега шлапкаат брановите и, не ќе ги гледа редот високи тополи покрај потокот што се урива од планината. А брата си и на животе не повте да го види.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)