повлечен прид.
повлече св.

повлечен (прид.)

Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нивниот лелек сега одбележуваше еден сосема далечен, повлечен круг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во февруари 1941 година околу пет илјади Македонци се повлечени од фронтот и испратени во логори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што е изнесено во почетокот, настаните во романот, починувањето на таткото, го ослободува главниот лик на нараторот од зависноста која би го лишила од финалниот триумф над противникот (тоталитарната идеологија) која го примора „големиот губитник” на егзил и на еден повлечен живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега истите мандри се сосем на копно - водата е некаде далеку повлечена - нема кајчиња, нема мрежи, нема рибари, нема корморани...“ зборуваше Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако имаш искривено огледало, во него можеш да ја видиш таа сина линија, повлечена, наталожена точно врз горниот дел на видливите нешта, на нивниот хоризонт: како со широка четка, на која е нанесена сина боја, повлечена од рацете на уметникот врз платното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)