плука (несв.)

А друг не го прибира, ќе го плука.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И ќе кажам зошто секој да те плука.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Набликнатата пот му течеше по слепоочниците и се цедеше во аглите на стиснатите усни. Тој плукаше шумно и пцуеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А на сето друго му плукав и ги проколнував оние што ја измислиле неделата за одмор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Др-др, др-др, се заколна, а сега се кочопери и ни плука зајадливо в лице...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѓиди маскара, ѓиди, — им се обрна Арслан на старците и им удри и тој по еден камшик преку очи, плукајќи секого в лице и псуејќи со најгнасни псовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Си замина човекот, ја скрши стомната, вели. - Ај, не плукај спроти ветрот! 182
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гробарите веќе ја ринеа земјата, си плукаа во рацете и ја ринеа земјата, ја нафрлаа со лопатите на сандакот, го засипуваа гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од цел свет овдека била солта, викам, затоа сме немале сол, викам, и лижам од солта и плукам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Не зинувајте толку, не плукајте кај ќе втасате.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се гледаме и плукаме земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Еј женшини, шепотат логорашите, си плукаат во рацете и ги подаваат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак луѓето не му веруваа. И самите плукаа во огнот и му подвикнуваа да не ги лаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој плукаше во огнот и раскажуваше, оние што не му веруваа не го засегаа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Готов си ! – победоносно плука во реката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мозокот, што да кажам за мозокот? Не може да ја допрежива испасената празнина, па ја плука на полето на уметноста.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ми го плука сево ова во фаца...
„Маргина бр. 21“ (1995)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК