плочник м.

плочник (м.)

Еден поглед неприметен од студениот плочник моли за воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Две патерици на студениот црковен плочник...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се заниша доближувајќи се полека со чело кон плочникот. Падна исправен со несвиткана кичма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Надвор, по влажниот плочник, газат зелени патроли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После денот шибна низ челичните цевки на пушките, ги избриша сенките на патролите и ги изми плочниците; а тој потече со тој млаз давејќи ја в грло својата пилеста смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Трепкањата на рецките на плочникот под неговите нозе одминуваа незабележано и понесувајќи го.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Младичот се дига од плочникот и им се доближува пополека. Цеце се врти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но не поради глетката што се откри пред него туку поради сознанието дека на широкиот плочник, ако се изземат Снешковците од левата страна, немаше други гости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Извичникот го ѕвекна плочникот бидејќи паѓаше од висина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На почетокот од плоштадот една жена седеше на плочникот; едната рака ја имаше испружено за просење, со другата рака придржуваше дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку млади луѓе го шутираа расфрланото ѓубре. Еден пијан човек се превртуваше на плочникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мене во болницата ме донеле луѓе кои виделе како трчам по кејот, како молам за помош, како паѓам на колена, како удирам со дланките од плочникот на кејот, како паѓам во бессознание.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекорев по плочникот без да се загрижам каде.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)