плисок м.

плисок (м.)

Пред плисоците, на крај од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, ги косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слушаше плисок на вода и нејасни гласови. „Сигурно близу е морето“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едно попладне го освести ладен плисок на вода врз лицето и сети дека го свлекоа од височината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, овде, на свиокот ненадејно ја пресретна широк плисок од светлина и мракот исчезна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ наоколу беше подредено во една волшебна ритмичка игра, сè се носеше по оној плисок на водата под него, а тој секогаш наново ѝ се радуваше на секоја нова извадена штица, на секој нов изработен и раздробен трупец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден прекрасен, ведар плисок, во него можеше да заборави на сѐ друго, освен на тие свои големи и во еден миг сосема откриени дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа извикуваа: - Напред, дете! Уште малку! - иако на сите им беше јасно дека од плисокот на брановите детето не може да ги чуе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа поседе на завет пред колибата, на она трупче пред прозорчето, слушајќи го едноличното бучење на ветерот, тажното крцкање на буките и плисокот на водата што течеше од стреите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И нѐ положија жедни крај плисоците вода и нѐ завртија по снагата од браќа ни живи да се јадеме дури други храниме.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пред плисоците, на крајот од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, го косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеме да зборуваме и без да се видиме. Но за што? Не знам, признав. За утрешниот плисок од облаци?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Огнот полека се смалуваше, нафрланите штици, дрвца и гранки догоруваа, пламењата иако исправени одвај ги белееа столбовите што се наоколу, а неизбричените и неизмиени лица и покрај бакарните плисоци, ги правеше нестварни и заплашувачки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но во исто време ме израдува силниот плисок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)