пливне св.

пливне (св.)

Па му пливна крв червена низ зелена трава, спростре сја на чрна земја снага му бездушна.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
- Ана го прифаќа неговото рамо. Допирот разбудува врел трептеж и крвта му ливнува во лицето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беа само делови од чело, нос и брада, пливнати во мракот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се разбуди некаде од најдлабоките длабочини во него и пливна низ целата негова крв, како некој црвен пламен, така што не можеше да биде изгаснато.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ќе полазаме нагоре по селата. Ќе пливнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крцка и истрпнува планината: полазуваат сите змии и гуштерици, сѐ што се нашло пливнало по земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пливнаа крвови, потекоа црвени шобурки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој беше излезен од своето тело и пливнат во една општа убавина во која се беше толку светло, чисто, јасно, отворено и видливо до онаа страна на постоењето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)