плевна ж.

плевна (ж.)

По тој план Трајко ,ќе оди на орање, Илко пак в планина, но само со едната маска и магарето, а Стојо ќе остане дома, да ја поврзе племната оти, см тече, ем кокошките ја чепкаат сламата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едно време почна да се крие од децата во плевната, за да не го мајтапат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И после, кога го напуштија селото, го виде забраденото лице на селанката како отскришум подѕирнува од плевна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Потаму? Како те донеле во плевнава? - настојува татко му да дознае што подобро.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прибран, окуражен малку, заедно со своите кучиња, Бојан се спушти кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако го изрина ѓубрето кај говедата, Бојан излезе пред плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Заталкаа по темницата на чардакот, набараа некои снопови, ја најдоа вратата и влегоа во плевна полна слама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И му се чинеше дека тука, во нивната плевна, е затворен еден мал дел од летото кој ќе трае сè до новото лето, до последната јаболка, до последната вила сено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
... Во последно време на Полин најомилена забава му станаа мачките; шеташе по бавчите, по дворовите, по плевните, по ѓубриштата и гледаше да вчапи некоја мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Под урнатините на плевните скапуваа отепани добичиња, а под чатиите на куќите - сета покуќнина што се нашла во моментот на уривањето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И јас одам на плевна, бегам од куќата. Се кријам ко мачка, ко кучка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излези, не те тепам тебе, вели, и ме бара в ќевар, в плевна, под скали, на черен, по мутлите, секаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и куќите плевните, кочините, кокошарниците, ги запотнуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Целата населба, секоја куќа, секоја плевна, секое трло се превори во болница а полето во гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК