плева ж.
плеви несв.

плева (ж.)

Булињата стасаа. Митра кладе подница да се гори, а Доста го зеде кошот да го наполни слама, но Илко не ѝ го даде — да не си го начичка кистот плева, аљти сам зеде и го наполни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бугарски војници имало џган! Плева - разбираш! Посивела планината од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што да му се каже на оној што лаже, оној лажач лош што ги сипе лагите ко плева од кош!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едни вадат камења од реката, ги кршат и ги носат, други сечат греди, летви, чатми, диреци и појаси, жените мешаат кал со плева, гаснат вар и се крена куќарчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Обружани со плева на косата, на веѓите, на носот, на алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој топол и брз ветер, кој уште од изутрина задува по Градишки Пат оттаму, од кај гората, чинеше, потрчај, заграби пепел измешана со плева и таков, усукан и извишен, рашири ги грстовите и развеј ја пепелта и плеват на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пепел и плева грабаше од водоскоците жито што во гумната на Имотот и чифлизите еден за друг прскаа право пругоре (раетините го вееја житото а спахиите, во сенките на дрвјата и во сенките на новите копи што со секој изминат час нараснуваа и нараснуваа, се сладеа со шербет, студена вода и татли кафе) и ги развеваше на сите страни, па воздухот во Потковицата беше исполнета со пепел и плева, со мирис на младо жито и тишина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се спрпелал ко пиле во плева, што се вели, во заплеткани конци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прст и плева, што се вели, и без пукање ќе нѐ изгази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќето од куќите не ги лснуваа своите ноќни очи, а и тие што трепкаа до кај полноќта се случуваше со денови само црниот здив од оџаците да го пуштаат во белата плева на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вадеше црвена земја од ридот над куќата, фрлаше во неа малку плева останата од некогаш во шталата, тураше вода, и мешаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па од стожерот до крајот на гумното - Ди! Ај! - Ди! Ај!... Врз снопјето постлано копитата удираат за да го одвојат зрното од плевата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Свенаа и жените, и момите. Шамиите преврзани и преку носот и преку устите, и кошулите напластени со плева и прав.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)