платнен прид.

платнен (прид.)

Околу него врвеа темни силуети, се судираа и брзо како ноќни пеперуги се губеа кон осветлениот платнен влез.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Договорот беше таков - да го расцепиме платнениот ѕид на шаторот и кришум да се провлечеме внатре.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Удри со белата платнена чевличка по калдрмата, чиниш ќе заигра и одново се насмеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ништо друго - бесконечно спирално движење на љубопитност: ќе го предаде ли оној на прогонувачите и ќе го продолжи ли во истата постела она во што беше прекинат кога се обидуваше да сокрие дека зад платнениот параван лежи гола жена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сакаше да праша дали тој шеф во таа ноќ го посетил и дали се уверил дека не е тоа за што го сметаат кога пак не го затвораат во платнен оклоп, но ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Свитканите како копачка раце ја пренесуваат во мали платнени торбичиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо друго - бесконечно спирално движење на љубопитност: ќе го предаде ли оној на прогонувачите и ќе продолжи ли во истата постела она во што беше прекинат кога се обидуваше да сокрие дека зад платнениот параван лежи гола жена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
При откопувањето на гробовите каде што лежеа нивните татковци, им ги собраа изгниените коски во платнени вреќички, и откако отец Серафим ги отпеа: „Мир да им течи во коските...” ги ставија врз ковчезите на нивните синови и пред да ги покријат со земја, и ним отец Серафим им отпеа молитва: „И во вашите коски мир да тече...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа седеше на платнениот стол, лижеше сладолед и читаше книга. Постоја така гледајќи ја.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ги оставаше пораките под платнениот чаршаф.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Господи, колку убав Форд! а покривот платнен па можеш да го збереш и над задното седиште, ако затреба“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гумениот душек беше надвор, како и платнените креветчиња спружени среде оној карактеристичен мирис на блиското есенско согорување на билките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малечката Пелагија беше толку многу полна со впечатоци од училиштето и зборовите на Перса не се помешаа со вкусното јадење, и додека тие двете сѐ уште јадеа, таа си ја побара платнената торба и почна да буричка по тетратките и книгите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Пезевенк си ми ти, момче... - стана, отклучи едно вратиче од мусандрата и, свртувајќи се, одврза црно платнено ќесе, му изброја шест лири и потоа му рече: - Како претходната, така и оваа држава ни е поткуплива...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)