пират (м.)

- Ние сме овде како пирати, ако видиме некој со пари, ќе го соголиме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но до сега, пиратот веќе ја беше пратил пораката низ линијата за блекбокс кон комсатот на Јакуза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вселенските империи, сагите за борбата за власт меѓу цивилизациите и гламурозните вселенски бродови беа заменети со прецизно синтетизиран универзум на злоба и насилство, кадешто секојдневието се состои од wirehead киборзи (полулуѓе, полумашини, зависници од електрошокови), електронски пирати, бескрупулозни pusher-и (продавачи на дрога), полиморфни перверзни ликови и други карактери што живеат на рабовите на hi-tech (високо технолошко развиеното) општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Не сум сигурен дека вака изгледа добар бизнис“, рече пиратот, ценкајќи се.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но можеби и ја примиле пораката од пиратот, бидејќи сѐ уште никој не дошол да ме побара, а веќе помина цела година.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На Моби Дик низ мориња јавал, пиратите офкале од страв: „Да бегаме, да спасиме глава, нас нѐ гони со меч Пупи Паф!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пиратите не личеле на чавки и биле, несомнено, многу повеќе од само добри пријатели, а јас многу повеќе налик на обична девојка од приказните со среќен крај…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На вистинските пирати никогаш не им стана јасно зошто не ги сликаат нив туку некакви нежни глумци кои не знаат да си ја врзат прописно ни црвената шамија на глава.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потем доаѓале продуцентите од Холивуд и тука ги снимале филмовите за Дејвид Крокет и пиратите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вистинските пирати отпосле дознале дека се изгубиле во жанрот - документарни филмови тогаш се снимаа само за славни научници и за разни светски, а не за бродски арамии со монокли на очите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)