пиеса ж.

пиеса (ж.)

— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што можете да кажете повеќе од она што веќе во ваше име го кажав во мојата пиеса?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Големиот драматичар. Некои го викаат бог. Ние сме ликови во негови пиеси. Суров е. Не ги сака луѓето. Пишува лоши драми.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОЖО: (Го чита насловот на текстот) „Дупло дно”. Театарска пасија во еден став. (Пауза) Ете, ја прочитавме твојата пиеса како што побара. Зодоволен си?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И покрај очевидната драматуршка комплицираност на пиесата, заситена со „литературност“ на дијалозите, „Настан“ (по првото студено среќавање на премиерата) беше сретнат од гледачите со одобрување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пиесата на апсурдот требаше да кулминира во Атеистичкиот музеј во Скадар, веројатно последната етапа од нашиот престој, наложената цел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред неколку години, ја напишав пиесата „Челик Чамак“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Станува збор за пиесата на Христо Бојчев „Титаник“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зошто ова го спомнувам? За да кажам дека тоа беше моето прво и последно присуствување на организирано јавно читање на пиеса.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)