пеливан м.
пеливански прид.

пеливан (м.)

Една група се собрала и пеливаните се кркорат сред неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ти ли си тој пеливан? - рече цивилот. - Ние тебе ќе те научиме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беа познати како жилави, издржливи, цврсти луѓе и непобедливи пеливани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сте оделе како пеливани, еден зад друг по оние шини којзнае зошто кренати на високите прагови; веројатно ги кренале за да си ги кршат децата нозете, така мислев тогаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По едно време туку дојдоа да се преметкуваат и некакви турски пеливани, дополу голи и намачкани со масло, со кожени гаќи опшиени со сребрени врвци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги кутина тој луѓето како некој пеливан полеан со масло, што се рашетал по чаирот и не мирува дури не ги види сите на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми се чини Македонците тогаш за првпат се покажаа и како азган пеливани на Олимпијадата во Мексико и тоа можеби нѐ поттикна со поголем занес да пееме мексикански песни
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)