пајтонџија м.

пајтонџија (м.)

Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште сега ќе отидеш кај Крстју, нека најде под наем некој затворен пајтон, тој самиот нека се преправи во пајтонџија и утре рано да дојде по вас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита. — Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште пајтонџијата не ги беше застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа му даде знак на пајтонџијата да тргне кон куќата на Цветко дуќанџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)