паѓа несв.
паѓање ср.

паѓа (несв.)

Оловниот куршум не погоди овојпат ништо. Сиот избезумен, мажи да паѓаат виде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Под секира дабот, што бури победувал, така смртно под рани се веде, а потоа паѓа од моќната дрварска рака, ама - врз дрварот беден... “ Албанецот тоа го раскажа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Гајдите свират, дури саѓите паѓаат од гредите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прво да видиме кој е крив за сегашното востание на кого паѓа најголемата одговорност за него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕМЈАНА: Маноиле! (Паѓа на канабето и плаче.) Во тој момент на вратата се појавува Димо, баба Ленка и Вета.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ТЕМЈАНА: (Паѓа на канабето) Ох, кутрата јас!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Ја испушта пушката и паѓа изнемоштен) Оди си, ќе ослепам од твојот блесок!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ти се молам не зборувај за тоа, зашто мрак ми паѓа на очи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
(Бара клуч во палтото и од како го наоѓа отклучува, но кога го подига капакот и некој ризи очите необично ги отвора и паѓа — седнува пред куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: (се подбива со Ката.) Требаше оваа година да ја избриче за да не паѓа снег.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кога гледаш, сите гајлина од светот врз главата од попот паѓаат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Под црвната и маслена шапка меката светла сламена коса му пагаше преку стаоречките очи, длабоко пропаднати, жолти и полни со темни дамки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На розовиот ѕид, искапан со ситни златни цвеќиња, висеа евтини литографии: пејсаж - модра планина од која паѓа водопад пенлив и бел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ама и Илко не паѓа по долу, џанам, — пак се кажа Велика, и испушти една незабележителна воздишка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Де го турка ѕидот со глава“, — велеа чорбаџиите кога паѓаше збор за него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, лебами, и за носење не паѓаше подолу ни од една мариовска посестримка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе